Pages

Sunday, June 16, 2013

Белеење на забите: митови и факти

mie_zabiКој не копнее за холивудска насмевка. Нормално дека никој од познатите не се родил со такви совршени заби. Се е, до напредната медицина и техника. Многу е важно негата на вашите заби да ја препуштите на професионален забар со кој убаво ќе комуницирате. Сепак забите се на нашето лице, веднаш паѓаат во очи и не смее да бидат запоставени. Навистна е жално кога ќе се види млад човек со кариес или без заби. Од здравите заби зависи и свежиот здив на устата.
Многу често се среќаваат луѓе кои имаат убави и здрави заби но, од исхраната, кафето и најмногу од пушењето, нивните заби добиле потемни дамки и жолта боја. Ваквиот проблем се решава со белеење. Ова се 3 погрешни мислења околу белеењето:
МИТ 1: Ако отидам на белеење на заби, целата уста ќе ми стане бела. Забите, пломбите, мостовите, па дури и непцата ќе добијат посветла нијанса!
ФАКТ: Воопшто и не постои средство што може да избели пломби и мостови а, за непца да не зборуваме. Белеењето се однесува конкретно на забите и на ништо друго. Би било многу полесно кога би можеле да се побелат и пломбите, бидејќи навистина лошо изгледа бели заби и црни пломби. Ве советуваме пред белеењето да ги смените сите црни пломби , доколку ги имате, со бели секако.
МИТ 2:  За да имам бели заби морам да посетам забар!
ФАКТ:  И кај нас може да се купат средства за белеење на заби. Ги има повеќе марки, некои се повеќе некои помалку ефикасни. Докажано е дека нема разлика помеѓу белеењето што го изведува забарот и домашното белење. И тој ги користи истите средства, освен ако станува збор за ласерско белеење.
МИТ 3:  Доволно е само еднаш во животот да одам на белеење на забите.
ФАКТ:  Колку време ќе останат вашите заби бели после нивното белеење зависи од вашите навики. Доколку не сте го намалиле пушењето, пиете многу кафе и јадете обоена храна, белите заби пократко ќе ги носите. Што значи дека ќе треба повторно да посетите забар, ако имате желба.

No comments:

Post a Comment